| Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние | |
|
|
| Автор | Порака |
|---|
Extremex Extreme Администратор


   Age : 18 Регистриран на : 12 Јун 2007 Мислења : 661 Местолокација : Unknown Destination
| Предмет: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Пон 24 Дек 2007, 00:59 | |
| 
Продолжуваме со борбата против климатските промени. На 17 декември координаторот на проектот достави писмо со барања до градоначалникот на општина Кратово. Барањата ќе ги најдете подолу.
ОВА Е И НАШ СВЕТ – РАЗМИСЛЕТЕ ШТО НИ ОСТАВАТЕ!
Човештвото денес се соочува со огромна закана за својот иден развој – глобалното затоплување и климатските промени. Несовесното користење на фосилните горива и уништувањето на шумите кои претходните генерации ги практикувале од почетокот на индустриската револуција до денес - нам, генерациите кои доаѓаме после вас ни го одземаат правото да живееме и создаваме во свет каков што имате вие денес: богат со ресурси и можности. Научниците предупредуваат дека следните 10 години се клучни за животот на планетата во иднина: доколку сите заедно ништо не направиме за да ја намалиме емисијата на стакленички гасови во атмосферата – светот во кој ќе живееме ние, вашите деца, ќе биде многу поразличен од овој денес. Она што нас не очекува е свет во кој ќе има многу високи температури, суша, недоволно храна, екстремни временски услови, масовни преселби, зголемен број на пожари, зголемен број на болести како маларија, итн. Се проценува дека економската штета од климатските промени ќе биде еднаква на две светски војни одеднаш. Одбиваме да живееме во ваков свет само затоа што претходните генерации се однесувале несовесно!
Се изгубија многу години во полемики дали воопшто се случуваат климатски промени, потоа долго време одговорните се занимаваа со прашањето дали навистина човекот е виновен за тоа – најпосле денес нема никакви сомневања дека климата на нашата преубава планета се менува и дека причина за тоа сме ние луѓето и дека нема место и човек кој може да ги избегне последиците од климатските промени. Сега веќе немаме време за полемики и дебати – сега мора да се дејствува! Во моментов се наоѓаме во клучен момент и од одлуките на оваа генерација зависи нашата иднина и иднината на сите следни генерации.
Добрата вест е дека сеуште може да се дејствува и да се превенираат катастрофални промени кои ќе бидат незапирливи.
Решенијата постојат и во светот веќе голем број држави спроведуваат низа мерки кои не само што успешно ги намалуваат стакленичките гасови и со тоа ги ублажуваат климатските промени, туку носат економски и социјален бенефит на нивните граѓани. Бараме да бидеме дел од овој прогресивен свет!
Бараме:
– да се спроведат мерки за енергетска ефикасност во сите јавни установи; –да се регулираат и строго контролираат стандардите за потрошувачка на енергија во градежништвото; –да се намали потрошувачката на енергија од фосилни горива и да се зголеми употребата на обновливи извори на енергија – Македонија е земја на сонцето, а енергијата на сонцето речиси воопшто не ја користиме; –да се стави крај на нелегалната сеча на нашите шуми; –да се воспостави повторно фонд за пошумување; –да се изгради инфраструктура за нормално движење со велосипеди во нашите градови; –да се воспостави современ јавен транспорт во целата држава, и –да се запре со несовесно трошење на природните ресурси.
БАРАМЕ ДА НИ ДОЗВОЛИТЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО БЕЗБЕДЕН СВЕТ И СЛОБОДНО ДА ЈА РАЗВИВАМЕ НАШАТА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА – ОВА НАВИСТИНА Е И НАШ СВЕТ, НЕ НИ ГО ОДЗЕМАЈТЕ!
Блу Скај Борци против климатски промени Фронт 21/42 |
|
 | |
Blacky Fairy SickFreak


   Age : 14 Регистриран на : 11 Мар 2008 Мислења : 2874 Местолокација : Бртце Интереси : Свирење Гитара
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Вто 29 Апр 2008, 02:41 | |
| Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние
mjenjam se......nije mi po volji ali mjenjam se.....  |
|
 | |
dj .... Редовен конзумирач


   Age : 21 Регистриран на : 21 Јан 2008 Мислења : 224 Местолокација : Kratovo
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Вто 29 Апр 2008, 02:50 | |
| | Tesko deka ke se smenime, ako do sega ne sme razmisluvale pravilno vo vrska so klimata nema ni vo idnina ... |
|
 | |
J.Lo :* The One And Only Freek


   Age : 18 Регистриран на : 04 Jул 2007 Мислења : 2756
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Вто 29 Апр 2008, 13:18 | |
| | не се согласују со Dj-o никако али битно е ти да се сменеш ако неможеш другите, ипак секој ако размислуе дека подобро треба да се понаша со природата може повеќе да се допринесе за малку посветла иднина него вакој да се продуже....треба само свест..!!! |
|
 | |
dj .... Редовен конзумирач


   Age : 21 Регистриран на : 21 Јан 2008 Мислења : 224 Местолокација : Kratovo
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Сре 30 Апр 2008, 00:48 | |
| | Ako i ja se smenu na poloso ke trgne , Da ima poveke takvi kako mene sto razmislujat za prirodata, ekologijata itn klimata ke bese normalna. |
|
 | |
Blacky Fairy SickFreak


   Age : 14 Регистриран на : 11 Мар 2008 Мислења : 2874 Местолокација : Бртце Интереси : Свирење Гитара
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Саб 17 Мај 2008, 14:59 | |
| Дебелите Се Виновни И За Климатските Промени? Според истражувањето на лондонската школа за климатски промени, дебелите луѓе придонесуваат не само за пораст на цената на храната во светот, туку и за климатските промени.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека дебелите луѓе трошат 18% повеќе калории дневно отколку луѓето со просечна тежина. Поради оваа причина, одговорни се и за потрошувачка на повеќе гориво, што влијае не само на загадувањето на животната средина, туку и на цената на храната. Тимот на истражувачи дошол до заклучок дека зголемената потрошувачка на храна го зголемува производството, што значи дека е потребно да се експлоатира повеќе гориво за процесите на производство на храна, што влијае на покачувањето на цената на нафтата, а потоа цената на нафтата влијае на зголемената цена на храната. Зголемената потрошувачка на горивото и издувните гасови придонесуваат за ефектот на стаклена градина и така ја загрозуваат животната средина. Светската здравствена организација смета дека до 2015 година двојно ќе се зголеми бројот на луѓето со прекумерна тежина и ќе достигне 700 милиони.
Copy-Paste By kajgana.com.mk
P.S. не сам де до толку дебела.... такој да не се многу секирам! LoL
 |
|
 | |
Filthy The Dark Angel


   Age : 18 Регистриран на : 18 Мар 2008 Мислења : 1186 Местолокација : Heaven in hell
| Предмет: Re: Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние Саб 17 Мај 2008, 15:04 | |
| Мора нешто да се направе ако не отиде ни планетата не ми се за мене за мојте деца ми е ке нема дека да живееат!!!! _________________
 |
|
 | |
| Нашата клима се менува, мора да се промениме и ние | |
|