PortalHomeGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеВлез
 

Официјални правила на НашеКратово форумот!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Extremex
من عادانا من عاد&#
من عادانا من عاد&#


Gender:MaleSagittariusSnake
Age : 18
Регистриран на : 12 Јун 2007
Мислења : 681
Местолокација : Unknown Destination

ПишувањеПредмет: Официјални правила на НашеКратово форумот!   Саб 17 Мај 2008, 00:45

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е забранета.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.

4. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и слично ќе биде изменето или отстрането.

5. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

6. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

8. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

9. Форумот Наше Кратово ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава.

10. Строго е забрането навредување и расправање со администраторите, модераторите и членовите. (при секоја забелешка испратете пп)


Објаснување на правилата

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
Форумот Наше Кратово не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го Вашето мислење.
членови.

4. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

5. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

6. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата.

7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое Вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како Ваше. (или барем ставете линк од каде сте го земале (искпирале) тоа нешто)

8. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Админите/модераторите на Наше Кратово форумот можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.
Вратете се на почетокот Go down
Master
Газда
Газда


Gender:MaleAquariusHorse
Age : 18
Регистриран на : 02 Апр 2007
Мислења : 1497
Местолокација : Позади Универзална
Интереси : НашеКратово Wi-Fi (will remember it till am alive)

ПишувањеПредмет: Re: Официјални правила на НашеКратово форумот!   Саб 17 Мај 2008, 09:56

Extremex нели можеше да напишеш 5 реда текст со најважните правила па да ги прочитат сите. Вакој 50 реда текст копиран од друг форум и никој не ти чита тој! Нешто вакој на пр:

1. Никад ОффТопик

2. Намали со озборување

3. За спам ке ти е*е*о мамицу

4. Ако некои членови започнат меѓусебни навреди и препукувања да си креират тема у канта

5. На модераторите им е забранета преголема слобода да бришат цели теми да ги заебават членовите со преправање на нивните постови
_________________

main(You Don't Mess With The Master)
if (pari > cena)
kupi kola
else if (imas_prijatel)
pozajmi_pari
else
najdi rabota
Вратете се на почетокот Go down
Extremex
من عادانا من عاد&#
من عادانا من عاد&#


Gender:MaleSagittariusSnake
Age : 18
Регистриран на : 12 Јун 2007
Мислења : 681
Местолокација : Unknown Destination

ПишувањеПредмет: Re: Официјални правила на НашеКратово форумот!   Саб 17 Мај 2008, 15:45

Master напиша:

3. За спам ке ти е*е*о мамицу


Мастер биди малку покултуран, треба да бидеш пример како администратор а не да ......
Вратете се на почетокот Go down
Extremex
من عادانا من عاد&#
من عادانا من عاد&#


Gender:MaleSagittariusSnake
Age : 18
Регистриран на : 12 Јун 2007
Мислења : 681
Местолокација : Unknown Destination

ПишувањеПредмет: Re: Официјални правила на НашеКратово форумот!   Саб 24 Мај 2008, 16:07

Уште едно правило, не пишујте два поста едн под друг, ако сте испуштиле нешто не мора да пишуете нов пост имате опција EDIT и користете гу.
_________________
Вратете се на почетокот Go down

Официјални правила на НашеКратово форумот!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions of this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Наше Кратово :: НашеКратово Форум :: Упатства-